ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот на Пендаровски е статистичка грешка, бледа појава, со уште побледи ставови

Од:

Рејтингот на Пендаровски е статистичка грешка, бледа појава, со уште побледи ставови се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ откако Претседателот Пендаровски изјави дека Христијан Мицкоски е последниот кој треба да зборува за личен рејтинг.

– Наместо да се фрустрира од изјавите на Мицкоски, Стево Пендаровски да се запраша каде е коренот на неговиот личен рејтинг и непрепознатливост, ако се потруди сигурно ќе го најде кај неговиот поданички однос кон Ковачевски и Ахмети, кои многу пати до сега не му дозволиле да се согласи со сопствениот став, па мора да менува изјави согласно диктатот од Зајас или Илинденска. Навистина е трагично во што се претвори Стево Пендаровски, а уште пожално е за позицијата која ја извршува. Пендаровски е човекот кој сама кажа дека го составувал предлогот кој прерасна во бугарски диктат за промена на уставот, тој е човекот кој трчаше да ги потпише измените во КЗ, и слеп извршител на сите наредби на власта, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ