ВИДЕО: Еден милион луѓе да се евакуираат за 24 часа од Газа нареди израелската војска

Од:

Обединетите нации рано утринава соопштија дека израелската војска им кажала дека околу 1,1 милион Палестинци во Газа треба да се преселат на југ од енклавата во следните 24 часа. „Обединетите нации сметаат дека е невозможно такво движење да се случи без катастрофални хуманитарни последици“, се вели во соопштението на портпаролот на ОН Стефан Дужарик.

„Обединетите нации силно апелираат секоја таква наредба, доколку биде потврдена, да се укине за да се избегне претворање на она што веќе е трагедија во катастрофална ситуација“, рече тој. Дујарик додаде дека наредбата на израелската војска се однесува и на целиот персонал на ОН и на оние кои се сместени во објектите на ОН, вклучувајќи училишта, здравствени центри и клиники, пренесува Ројтерс.

Израел вети дека ќе го уништи движењето Хамас што владее со Појасот Газа како одмазда за најсмртоносниот напад врз цивили во израелската историја, кога стотици вооружени мажи ја преминаа границата и дивееја низ израелските градови во саботата.

Израелските власти соопштија дека бројот на загинати внатре во Израел се искачи на повеќе од 1.300. Повеќето се цивили убиени во своите домови, на улиците или на забава. Властите во Газа соопштија дека повеќе од 1.500 Палестинци се убиени, а над 6.000 се ранети во одмазднички израелски воздушни напади и дека планираат копнен напад.

Би можело да ве интересира

Акција во јужен Либан: Израел уништи неколку стотици ракетни фрлачи на Хезболах

ВИДЕО: Како Израел ги претвори пејџерите во модерен тројански коњ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: „Блискиот исток е пред најголемата војна во последните 50 години“

Катерина Ѓуровски

Тројца загинати и стотина повредени во експлозиите на воки-токи во Либан, бројката не е конечна

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Втор бран напади во Либан, сега воки-токи експлодираат

Почнува одмаздата кон Израел: Испукани ракети

Предраг Петровиќ