ВИДЕО: Израелскиот претседател збесна поради прашањето за цивилни жртви: „Ако имате проектил во вашата проклета кујна…

Од:

Израелскиот претседател Исак Херцог имаше неколку многу силни конфронтации со странските новинари за време на прес-конференцијата во неговата резиденција во Ерусалим.

Херцог, кој важи за благ политичар со умерено однесување, луто реагираше на прашањата на новинарите на Си-Ен-Ен и британскиот канал 4 за тековното бомбардирање на Појасот Газа од страна на израелската армија.

На прашањето на новинар на Си-Ен-Ен, кој го нарече „колективното казнување“ на цивилите во Газа „воено злосторство“, Херцог го повиши гласот и рече:

„Многу сум разочаран што тоа ме прашувате во моментов, зарем не го видовте (масакот во јужен Израел)? Сите го видовте. Значи, сега ја започнуваме реториката за воени злосторства. Навистина? Сериозно?

Херцог повтори дека „Израел го почитува меѓународното право, постапува според меѓународното право“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Репортерот на Канал 4 рече дека е „збунет“ од одговорите на Херцог, имајќи предвид дека тој „изгледа ги смета луѓето од Газа одговорни за Хамас“.

Претседателот на Израел налутено го прекина неговото прашање:

„Со сета почит, ако имате проектил во вашата проклета кујна и сакате да го испукате кон мене, дали ми е дозволено да се бранам? Таква е ситуацијата.

Херцог подоцна го отфрли прашањето на новинарот на CNN за тоа дали премиерот Бенјамин Нетанјаху сноси одговорност за неуспехот да се спречи нападот на Хамас, велејќи:

„Ние сме во војна, јас воопшто не се занимавам со ова прашање“.

На прашањето кој е планот на Израел, Херцог одговори дека планот е да се спречи Хамас да повтори таков напад.

„Мораме да се браниме. Имаме целосно право на тоа и крајно време е светот да го разбере тоа“, нагласи израелскиот претседател.

Би можело да ве интересира

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Околу 100 ракети истрелани од Либан погодија куќи и автомобили во Израел

Кац: Враќањето на заложниците е најважната цел на израелската операција во Појасот Газа

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас

Афиф: Хезболах не доби официјален предлог за прекин на огнот, има оружје за долга војна