ВИДЕО: Израел ги нападна аеродромите во Сирија

Од:

Аеродромите во Дамаск и Алепо се надвор од функција по израелскиот напад, објавија сириските државни медиуми.

Според нив, пистите се оштетени, а се уште не се знае дали има жртви.

Сирија и Израел се гранатираа меѓусебно во вторникот, откако израелската влада соопшти дека неколку минофрлачки ракети биле истрелани врз северен Израел од Сирија.

Минофрлачките напади од Сирија се претежно симболични и ретко предизвикуваат штета на Израел.

Двете земји се во конфликт повеќе од половина век, откако Израел беше основан во 1948 година.

Би можело да ве интересира

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците