Средба Тачи со евроамбасадорот Орав

Од:

Евроамбасадорот Аиво Орав попладнево во Тетово се сретна со лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи. На средбата се разговарало за прашања поврзани со актуелната политичка состојба.

По средбата лидерот на ДПА изјави дека приоритет на партијата останува интеграцијата на државата во ЕУ и НАТО, но оти не се подготвени да ја потпишат декларацијата за поддршка на процесот за евеоинтеграција бидејќи не сакаат да бидат дел од погрешните политики на власта.

– Ќе продолжиме да бидеме конструктивни по ова прашање, но го информирав евроамбасадорот дека вината за блокираните процеси на интеграција не е кај Албанците и кај ДПА, туку кај Владата поради погрешните политики што ги води во последно време, изјави Тачи.

Во врска со неговата изјава дадена за некои медиуми на албански јазик што потоа беше пренесена и од медиумите на македонски јазик дека војната од 2001 година не е завршена, Тачи рече дека изјавата не била пренесена во целост.

Би можело да ве интересира

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски

Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат

Ана Ололовска

Синот на Мендух Тачи стана доктор на политички науки

Жарко Настоски

Тачи од Тетово: Дводомен парламент за да не биде ускратено ниту едно право на Албанците

А1он

Мендух Тачи: Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент и не правам договор со ДУИ

А1он