Пензионерите од Тетово го блокираа влезот во градот, бараат повисоки пензии

Од:

Тетовските пензионери го блокираа влезот во градот со цел јавно да ги изразат барањата за повисоки пензии. Тие од 9 часот утринава се собраа на крстосницата на булеварите „Маршал Тито“ и „Видое Смилевски-Бато“ и го блокираа сообраќајот повеќе од половина час.

Тие носеа и транспаренти на кои беа испишани барањата за минимална пензија од 20 илјади денари и линеарно зголемување од 5000 денари.

– Владата не запоставува. Не не ни качува нашите пензии, за нивните 78% има пари. Сега најавуваат и по 400 евра дополнително да зголемат плати. Имаат провизии, апанажи, гориво без пари. А нас пензионерите не понижуваат. До кога вака со 12 илјади денари пензија. Ни за лекови, нема за храна. Доаѓа зимата нема за греење, струја треба да плаќаме, рече пензионер.

– Плаќам седум илјади за лекови, а земам 16.300 денари пензија, дали треба струја, дали треба храна, облека, ни дрвце немам за греење. Не сме задоволни од зголемување од сегашното 5,3%. Скапотија е голема, не може да се купува храната, истакна пензионерка.

– Треба да стане цела Македонија, и ние сме држава а не само тие што се во власта. Дали има некоја држава без народ. И ние треба да се бориме за оваа држава. Се бориме за минимална пензија, затоа ни избегаа децата надвор од државата. Дали некое дете од луѓето во власта е на работа во странство, праша пензионер од Тетово.

Пензионерите најавија дека во вторник 17 октомври повторно ќе имаат јавен протест и ќе го блокираат истото место.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Уставниот суд одби иницијатива за нерезидентни пензионери, запре постапка за Кривичниот законик

Горан Наумовски

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“