Соединетите Американски Држави се способни истовремено да ја поддржат Украина во војната против Русија и Израел по бруталниот напад на Хамас, изјави американскиот министер за одбрана Лојд Остин.
„Ние сме најсилната нација во светот“
„Можеме да ги направиме и двете и ќе ги направиме и двете. Ние сме најсилната нација во светот“, рече Остин денеска во Брисел, во седиштето на НАТО. САД почнаа да му обезбедуваат на Израел воена помош, вклучително и клучна муниција, и ќе обезбедат повеќе пресретнувачи за израелскиот одбранбен систем „Железна купола“, додаде американскиот министер. Вашингтон исто така испрати војници во регионот и е подготвен да распореди дополнителни ресурси.
„За која било земја, за која било организација, за секој кој размислува да се обиде да ја искористи агонијата во Израел за да го прошири овој конфликт или да пролее повеќе крв, имаме само еден збор: Немојте! Ние ќе продолжиме да се грижиме Израел да добие она што го заслужува неопходно да се заштити себеси и своите граѓани“, порача Остин.