(ВИДЕО) Девојка го преживеала масакрот на фестивалот: Луѓето умираа околу нас, како во пеколот

Од:

Еден од најмачните настани викендов во Израел започна славенички. Целоноќниот пустински рејв Супернова – што се совпадна со крајот на еднонеделниот еврејски празник Сукот – заврши со трагедија бидејќи стотици посетители на забавата беа убиени од вооружени напаѓачи на Хамас.

Девојката која го преживеа нападот, Шеа Голин, за Би-Би-Си изјавила дека преживеала само затоа што се преправала дека е мртва лежејќи врз други тела.

“Само лежев на мртвите за да личам на еден од нив. Бев изненадена кога и друга девојка почна да мрда. Бев толку среќна што некој е жив со мене, бидејќи мислев дека сум единствената “, вели 22-годишната девојка.

Голин и другата преживеана девојка, која се здобила со повреди на главата, скокнале во автомобилот во близина и се обиделе да побегнат. На крајот, тие беа спасени од израелски војници.

„Луѓето умираа околу нас. Се чувствував како да сум во пеколот“, рече таа. Повеќе од 260 тела се извлечени од местото на фестивалот, објави спасувачката агенција Зака.

Би можело да ве интересира

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски