Дисциплинска за началникот од МВР кој напиша „Да живее Палестина“ на Фејсбук

Од:

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди постапува по случајот со полицискиот службеник А.С. и неговите објави на социјалната мрежа Фејсбук во врска со нападите на Хамас врз Израел и против него ќе биде поведена дисциплинска постапка односно ќе следуваат соодветни санкции информираше МВР откако во јавноста се појави случајот со началникот кој на Фејсбук објавуваше постови со поддршка за нападот на Хамас на Израел.

За случајот утрово на социјалните мрежи објави Наќе Чулев.

– Во време кога светот и Македонија застануваат и даваат недвосмислена поддршка за Израел и ги осудуваат терористичките напади на Хамас, висок началник во Министерството за внатрешни работи дава јавна поддршка на нападите на Хамас врз Израел. Имено, станува збор за Аднан Синани, началник во Одделот обезбедување во Министерството за внатрешни работи и лице кое работи како лично обезбедување на Заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши. Работа која вклучува ВИП обезбедување, учество во домашни и странски делегации и присуство на меѓународни настани, се вели меѓу другото во објавата на Чулев.

Би можело да ве интересира

ИДФ: Елиминирани се оперативци на Хамас и Исламски џихад

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

OHCHR: Хамас и палестинската полиција извршија злосторства против стотици Палестинци

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи