Американскиот претседател Џо Бајден вечерва се обрати од Белата куќа, со посебен осврт на ситуацијата во Израел, порачувајќи дека САД стојат зад Израел.
-Никогаш нема оправдување за терористички напади, рече Бајден во своето обраќаење од Белата куќа.
Тој додаде дека САД ќе го чуваат грбот на Израел.
Tune in as I deliver remarks on the terrorist attacks in Israel. https://t.co/eKm9KtF68U
— President Biden (@POTUS) October 7, 2023
-Ќе се погрижиме да ја добијат потребната помош за нивните граѓани и да продолжат да се бранат, кажа американскиот претседателот, придружуван од државниот секретар Ентони Блинкен.
Бајден изјави дека денеска разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и додаде дека поддршката на американската администрација за безбедноста на Израел „е цврста и непоколеблива“.