Перките од ајкула, станаа брашно, сирење, конзерви, детска храна, Ковачевски ги поскапе сите производи за да го полни буџетот за крадење обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Перките од ајкула, станаа брашно, сирење, конзерви, детска храна, Ковачевски ги поскапе сите производи за да го полни буџетот за крадење. Владата лажеше кога велеше дека ставката на ДДВ од 10% ќе биде само за луксузни производи како перки од ајкула, наеднаш луксуз за оваа влада станаа брашното, џигерот и сладоледот велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– За власта богати се сите граѓани кои јадат замрзнатите теста, млечни и сирни намази, сирење и урда, зденка, пармезан, ајдемер и гауда кашкавал, павлака за готвење, растителните сирења и намази, па затоа истите ќе треба да плаќаат по 10% ДДВ за овие производи. Не знаеме како и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортиљи, нудли стамаа луксуз според Ковачевски, па народот ќе треба да ги плаќа поскапо. Мизеријата на владата оди до таму што поскапуваат и храната за децата – гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот, сите чаеви, тропското овошје, сите видово сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините. Ова е резултат на влада која изгубила допир со реалноста, ова е резултат на влада која се заборавила во крадење на народни пари, и заборавила како живее мнозинството од народот, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски