Мурињо: Ја одбив најголемата и најлудата понуда во историјата на фудбалот

Од:

Португалецот Жозе Мурињо вели дека ова лето ја одбил најголемата понуда што ја добил еден тренер во историјата на фудбалот.

Менаџерот на Рома не ја започна добро сезоната и со „волчицата“ освои пет бода во шест кола и сега е под притисок.

„Мислам дека бодовите од првите три натпревари беа товар на плеќите на многу играчи. Мислев дека можеме да го симнеме товарот со победи над Емполи и Шериф, но тоа не се случи. Во секоја нормална ситуација, нерешено на гости со Торино ќе беше позитивен резултат. Очекував повеќе против Џенова, но тоа не се случи“, изјави Мурињо.

Жозе вели дека ќе остане во Рим до крајот на сезоната, освен ако Ден Фридкин не му ја даде отказот.

„Во текот на летото ја имав најголемата, најлудата понуда која тренер ја имал во историјата на фудбалот и ја одбив бидејќи им дадов збор на моите играчи, Фридкин и навивачите. Три месеци подоцна, изгледа дека јас сум проблем, ама нема да прифатам. Не читам весници, не гледам ни телевизија, ама другарите ми велат дека така велат. Не сум јас проблемот. Има многу фактори. Јас сум тука да се борам секој ден за играчите, сопствениците, фановите. Има само еден човек кој може да ми каже дека е готово пред 30-ти јуни, а тоа е г-дин Фридкин. Ако не ми каже, тука сум. Кога повеќе не чувствувате љубов, мора да кажете доста е. Понекогаш сте уморни дури и ако нема проблеми во врската“, заклучи Мурињо.

Би можело да ве интересира

Жозе Мурињо доби астрономска понуда од Саудиска Арабија, но не да биде тренер

Предраг Петровиќ

Мурињо: Одбив понуди да бидам селектор на Португалија или на Англија

ВИДЕО: Рома ја освои Конференциската лига, Мурињо влезе во историјата

Мурињо: Рома е „мала“ во очите на моќните

Ана Ололовска

ЕСПН: Мурињо е најдобриот тренер Манчестер јунајтед во ерата по Фергусон

Ана Ололовска

Мурињо ја презеде одговорноста за катастрофалниот пораз во Норвешка

Ана Ололовска