(ВИДЕО) Бомбашки напад во Анкара, загина терорист, но има повредени

Од:

Недалеку од зградата на турското Министерство за внатрешни работи во центарот на Анкара утрово се случи експлозија. Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја изјави дека утрово околу 9.30 часот се случи бомбашки напад пред портите на нивното Министерство во Анкара, во кој е убиен еден од терористите.

Според него, двајца терористи дошле пред зградата на Министерството.

– Еден од нив се разнесе, додека другиот е неутрализиран – рече тој.

Си-Ен-Ен Турк јавува дека има повредени, а затворени се сите околни патишта.

На терен се и членови на обезбедувањето на претседателот.

Се утврдуваат причините за експлозијата во населбата Кизилај.

Експлозијата одекна во близина на турскиот Парламент, кој по летните одмори попладнево повторно треба да заседава со присуство на претседателот на државата Реџеп Таип Ердоган.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски