Убиена 46-годишна жена во Кочани, пред својата куќа – убиецот и нанел 40 убоди со нож

Од:

Со 40 убоди од нож, 59-годишен жител на Кочани ја убил 46 годишната сограѓанка. Убиството се случило рано утринава околу 6 часот пред домот на убиената жена.

Според информациите од СВР Штип, по кратка расправија, рано изутрината околу 6.15 часот во Кочани, У.Р.(59) со остар предмет ѝ нанел убодни рани на Т.М.(46), негова сограѓанка од Кочани, по што таа починала. Настанот се случил пред домот во Кочани, каде престојувала жената.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кочани, а увид извршиле екипа на ОВР Кочани и јавен обвинител по чија наредба телото на почината било дадено на обдукција.

Полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода У.Р., соопшти СВР Штип.

Убиството го потврди и МВР.

-Денеска во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода У.Р.(59) од Кочани. Тој се сомничи дека околу 6.15 часот, по претходна расправија пред домот во кој престојувала, со остар предмет и нанел убодни рани на Т.М.(46) од Кочани, која починала на местото на настанот. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кочани, а увид извршиле екипа на ОВР Кочани и јавен обвинител по чија наредба телото на почината било дадено на обдукција. По целосно документирање на случајот против У.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Детали за мотивите и околностите на убиството, засега не се соопштуваат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Познат актер убиен пред неговиот дом во Лос Анџелес, убиецот сам се пријавил

Трагедија во Белград: Пензионер е убиен со секира, осомничениот и се предаде на полицијата

Горан Наумовски

Седум и пол години затвор за Вангелица Илијевска, призна вина откако и беше преквалификувано делото

Погубен е човекот што го отру продуцентот на кинеската научно-фантастична серија „Проблем со телото“

А1он

Почината жена со прострелна рана пронајдена во скопско село, покрај неа бил пиштолот на сопругот

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Најмалку четворица мртви и осум ранети во пукотници во Турција

А1он