Се враќаат дома македонските државјани кои се најдоа во средина на вооружениот напад во Бањска

Од:

По извршените вообичаеното интервју и анализа од страна на полицијата на Република Косово, утрово нашите државјани безбедно се упатени кон дома, придружувани од косовската полиција. Околностите во кои тие се најдоа беа сложени, имајќи предвид дека беа сместени во хотел, во непосредна близина од каде се случи вооружениот напад врз полицијата, напиша на својот фејсбук профил министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Во текот на вчерашниот ден косовската полиција беше веднаш соодветно известена за оваа ситуација по редовните канали, а јас лично разговарав и со мојата колешка Доника Гервала – Шварц. Низ целиот процес, косовските служби ја гарантираа безбедноста на нашите државјани, а нашата амбасада во Приштина беше во постојан контакт со нив“, напиша Османи.

Би можело да ве интересира

Дедо е осомничен дека ги уби синот и внуката во село близу Гњилане

Горан Наумовски

Повеќе од 100 парчиња огнено оружје се украдени од магацин во Ѓаковица

А1он

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Србите од Косово одат во Србија на гласање, гужви на границите

Курти: Во буџетот за 2027 година ќе бидат издвоени средства за поддршка на четворица поранешни лидери на ОВК

А1он

(ВИДЕО) Момче од Косово собори Гинисов рекорд со удирање пинг-понг топче вo ѕид

А1он