Мендух Тачи: Војната не е завршена

Од:

За лидерот на Демократската Партија на Албанците Мендух Тачи војната помеѓу Албанците и Македонците не е завршена туку таа е во еден тајмаут.

Таа војна продолжува и оваа е поризична зошто таа продолжува во подземје каде двете страни ги зазеле своите позиции.

Мендух Тачи предупредува дека Македонија ќе се уништи многу бргу ако не пристапи сериозно тоа да Албанците и Mакедонците да бидаат рамноправни во донесување одлуки во државните институции, затоа што Албанците сеуште таму се само како фигури.

За неговиот политички противник Али Ахмети, Тачи вели дека тој работи за македонските интереси.

Ова е дел од интервјуто на Мендух Тачи дадено за приштинскиот  дневен весник “Зери”, пренесува порталот Shqipmedia.com

Би можело да ве интересира

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски

Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат

Ана Ололовска

Синот на Мендух Тачи стана доктор на политички науки

Жарко Настоски

Тачи од Тетово: Дводомен парламент за да не биде ускратено ниту едно право на Албанците

А1он

Мендух Тачи: Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент и не правам договор со ДУИ

А1он