(ВИДЕО) Крмов: Сите пратеници сте одговорни за скандалот „Онкологија“ – сите сте биле во партиите на власт

Од:

Излагање на пратеникот од Левица, Борислав Крмов по однос на предлогот за основање анкетна комисија за скандалот на онкологија.

„Ова се случувало од 2012 година, што значи сите останати 118 пратеници од останатите политички партии сте одговорни. Во овој интервал, сите сте биле повеќе или помалку на власт од 2012 година. Сите треба да одговарате!
Се создаде општество каде што сѐ е на продажба. И совеста и емпатијата се продава, колеги, во вашето пазарно општество. Се гази преку луѓе и со човечки животи се тргува за профит.

Имаме систем кој не може да ги покрие македонските граѓани, а дознаваме дека тука се лечеле граѓани од Косово. Има пациенти по ходници на онкологија, кои не можат да ја добијат потребната грижа – со тоа почнете да се занимавате, а не да ни држите политички говори.

Нужен е протестот на кој се собира народот пред Владата секој понеделник, за да Владата осети притисок. За жал овој протест не е поддржан од никого во Собраниево, освен од Левица. Од сведоштвата на луѓето од онкологија се ежи кожата, дури и полицајците кои го обезбедуваат протестот плачеа.“

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Работниците и земјоделците повторно ќе ја ослободат Македонија

Левица од Прилеп: Со почит кон борбата од минатото и визија за промени во сегашноста

А1он

Мециновиќ: Борбата на Левица е борба на Давид против Голијат

А1он

Мециновиќ: Градот мора да им служи на граѓаните не на партиите

Куцуловски: „Во Центар се бориме против истото чудовиште со три глави – Левица е единствената вистинска алтернатива“

Среброва: Центар не е касаба – време е да се врати духот на Скопје

Горан Наумовски