Николовски: Не добивме кредибилен демант дека не се следат комуникациите на граѓаните во Македонија

Од:

Ние како најголема политичка партија се сомневаме дека ние како опозициони политичари сме физички следени од страна на структури во безбедносниот сектор, нешто што најверојатно се прави нелегално, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски по седницата на Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање на која се разгледуваа информациите за софтверите Пегасус и Предатор. Според него, немало ниту кредибилен демант на сомневањата дека овие малициозни софтвери се користеле за следење на комуникациите во Македонија.

„Комисијата побара извештаи од страна на четири институции во однос на тоа дали во Македонија нелегално се следат комуникации и дали се произведува софтвер со кој што може нелегално да се следат комуникации. Извештаите на МВР, АНБ и Агенцијата за разузнавање се класифицирани како строго доверливо, само извештајот на Военото разузнавање не беше класифициран. Сите користиме смарт телевизори кои најчесто се поврзани на кабелски оператор и на тој начин, телевизорите се користат да се користат за снимање аудио и практично да се влезе во секој дом на граѓаните, како и да се прави профилирање на граѓаните по тоа каде се движат, веб страните кои се отворале, луѓето со кои се гледале и на тој начин се прави цел профил. Не добивме кредибилен демант дека во Македонија не се случува следење на граѓаните со напредни софтвери кои што буквално влегуваат дома“, рече Николовски.

Во Македонија, според пратеникот, бил направен малициозен софтвер од страна на компанијата „Сајтрокс“, но позначајно е дали тој софтвер се користел во земјава. Тој го обвини и претседателот Стево Пендаровски дека бил озборувач и ништо друго.

„Претседателот Стево Пендаровски се претвори во најголемата политичка алапача во Македонија. Во текот на денот по неколку пати се среќава со лица од Агенцијата за разузнавање која за жал е под него. Оговараат кој со кого се гледал и што зборувал, а потоа тие информации ги споделува со ваши колеги новинари и најчесто тие информации се невистинити и на тоа му се сведува денот, како што му се сведува денот и на праќање пораки до некои лица, озборувајќи други лица“, вели Николовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Пријавите против Митовски покажуваат дека тој не е жртва, туку локален шериф кој тепа граѓани

ВМРО-ДПМНЕ: Владата продолжува со инфраструктурен развој на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Морбидно е да се слуша СДС како ликуваат за пожарите низ државата

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Режим на дело, почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ