Пожар во Аланија, превентивно се евакуира населението

Од:

Шумски пожар избувна во одморалиштето Аланија во Анталија на југозападниот дел на Турција, зафатена е површина од околу 190 хектари.

Една куќа е оштетена, а 17 куќи се евакуирани превентивно и нема повредени, пренесе државната телевизија ТРТ Хабер.

Телевизијата соопшти дека избувнал пожар во шумска област во Аланија во близина на населбата и дека сите расположливи екипи на пожарникари, како и авиони, го гаснат.

Турскиот министер за земјоделство и шумарство Ибрахим Џумакли од авионот ја надгледуваше областа зафатена од пожарот.

Би можело да ве интересира

Маж од Буенос Аирес усмрти три жени, четвртата се бори за живот

Во Белград: Две лица се избодени со нож, жена е повредена во пожар

Се запали локомотива во Гевгелија

Пожар во Дом за стари лица во струмичко Банско, нема повредени

Предраг Петровиќ

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Пожар во концертна сала на Факултетот за музичка уметност „Илија Николовски-Луј“