Тело на новороденче пронајдено на брод со мигранти во Италија

Од:

За време на спасувачка операција, италијанската крајбрежна стража пронашла мртво новороденче на брод со мигранти кои се движеле кон островот Лампедуза, јави денеска Анса.

Бебето се родило за време на патувањето и починало кратко по раѓањето, јави АНСА, додавајќи дека на бродот имало околу 40 мигранти.

На почетокот на неделата, петмесечно машко бебе се удави за време на спасувачка операција кај Лампедуза, откако се преврте брод со мигранти од Северна Африка.

Речиси 126.000 мигранти пристигнале во Италија од почетокот на годината, што е речиси двојно повеќе во споредба со истиот период лани.

Само оваа недела на островот Лампедуза пристигнаа околу 7.000 мигранти, што е повеќе од сегашното население на островот.

Вчера италијанската премиерка Џорџа Мелони ја повика ЕУ да дејствува заеднички „ако е потребно со поморска мисија“ и да ги спречи мигрантите да го преминат Средоземното Море од Северна Африка.

Мелони најави остри мерки како одговор на порастот на пристигнувања на мигранти оваа недела.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Криумчареле Кинези и Авганистанци, приведени двајца

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Малолетник од Скопје шверцувал седум мигранти од Египет

Горан Наумовски

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен