(ВИДЕО) „Не тргуваме со историја, не даваме да се минира кај Зебрњак“: Жители на Тромеѓа го штитат културното наследство

Од:

Здружението за заштита и зачувување на српските споменици во Македонија и граѓаните од месната населба Тромеѓа крај Куманово денеска протестираат против одлуката на концесионерот „Гранит“ да продолжи да минира на ископот за камен кој се наоѓа во близина на заштитениот споменик на културата Зебрњак.

„Ние граѓаните од Тромеѓа веднаш бараме да запре пробното и секакво минирање околу споменикот Зебрњак бидејќи во изминатите години и претходни минирања претрпуваме штети по нашиот имот а воедно стравуваме и за безбедноста на споменикот Зебрњак кој е културно наследство. Според Законот за културно наследство член 79 став 1 на просторите на кои се наоѓаат недвижни добра заштитени според одредбите на овој закон не смеат да се вршат геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини, освен ако нема посебна одлука на Влада, која во случајов ја нема“, бараат во дописот жителите кои во моментов се таму на ископот.

Саша Ристиќ од Здружението за заштита и чување на српските споменици, за „А1он“ откри дека тие биле измамени од инвеститорот затоа што ветил дека ќе го одложи минирањето за 17 септември, но во меѓувреме почнал да работи на минирање четири дена порано со што им го скратил времето кое Државиниот инспекторат за техничка инспекција им го дал за да реагираат до институции како што е министерство за животна средина.

– Наместо на 7-ми, минирањето требаше да биде на 17-ти. Не измамија и дошле денес да минираат, веќе поставен е некој експлозив. Член 79 став 1 од Законот за културно наследство јасно пропишува дека фирмата треба да има посебна одлука на Влада за ископување како што се наоѓалишта на злато или други метали. Ова е ископ на обичен камен кој го има насекаде во Македонија. Не треба да има вакви ископи од ваков карактер во заштитено подрачје затоа што минирањето прави штети. По закон заштитен не е само споменикот туку и видеокругот.

Луѓето од селото со кои разговаравме синоќа рекоа дека „Гранит“ претходно исплаќал оштети затоа што со минирањето им оштетиле куќи. Има долга историја тука со ископувањето. Тука е некоја фирма подизведувач „Коп Инженеринг“ чиј директор ветил дека ќе го асфалтира патот до Зебрењак ако се согласиме да се минира, како еден вид компензација. Рековме дека не тргуваме со историјата – рече Ристиќ за „А1он“.

Вчера луѓето од месната заедница се пожалиле дека со минирањето им се оштетува се што ќе посетат од житни култури од тешката прашина и дека имат повеќе проблеми со ископот. Минирањето на површински коп за експлоатација кој е многу близу до Спомен костурницата Зебрењак кај Куманово која е под заштита на државата е ризично и може целосно да го урне овој историски споменик.

Минирањето во близина на Спомен костурницата кое благодарение на месната заедница на Тромеѓа беше забрането пред неколку години, го одобриле директорот на Државниот инспекторат за техничка инспекција Блерим Укали и инспекторатот Авдуш Јунузи.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра