Додик: Ако се наметне законот за државен имот, ќе прогласиме независност

Од:

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска во Бања Лука повтори дека високиот претставник Кристијан Шмит не е легално избран и дека неговите мерки нема да бидат прифатени во Република Српска, тврдејќи дека дури и претходно назначените високи претставници во БиХ немале овластување да наметнуваат какви било одлуки.

Осврнувајќи се на заклучоците од состанокот на претставниците на институциите на РС, партиските лидери и српските претставници во институциите на БиХ, одржан денеска во Бања Лука, Додик најмногу ги повторуваше веќе познатите позиции и се изрази нешто поконкретно во однос на прашањето за државниот имот наведувајќи дека учесниците на состанокот сметаат дека тоа прашање е решено.

– Потврдуваме дека прашањето е решено со Дејтонскиот мировен договор и дека договорот за сукцесија не може да биде основа за измена на Уставот на БиХ и ревидирање на прашањето за имотот, ниту пак одредбите и позициите на измислена и непостоечка структура, рече Додик.

Тој додаде дека учесниците на состанокот констатирале дека Уставниот суд на Босна и Херцеговина, осврнувајќи се на прашањето за имотот, „бил политички инструментализиран и дека тој излегол од рамката на одлучување“.

– Одбиваме каков било предлог да се разговара за имотот, бидејќи сметаме дека прашањето е решено. Ја отфрламе можноста да се прифати закон наметнат од лажен висок претставник – изјави Додик, заканувајќи се дека доколку се наметне таков закон, ќе се одржи седница на НСРС и веднаш потоа ќе се прогласи независен статус на РС.

Според него, учесниците на средбата на која, според најавите, се разговарало за состојбата на ниво на Босна и Херцеговина и актуелната политичка ситуација во РС, се согласиле дека е непотребно и политички штетно да се одржуваат средби со претставници и персонал на амбасадите на Соединетите Американски Држави и Велика Британија во Босна и Херцеговина, како и со високиот претставник и персоналот на ОХР.

На почетокот на своето излагање, Додик истакна дека учесниците на состанокот потврдиле дека „РС е способна и подготвена да го брани својот Устав, територијален интегритет и суверенитет..“

Во продолжение тој истакна дека безбедносната состојба допрва треба да се зајакне со конкретни мерки што треба да ги преземе полицијата на РС, оценувајќи ја безбедносната состојба во Република Српска, а на ист начин ја оцени и економската состојба во РС, тврдејќи дека е стабилна.

Додик потоа рече дека е договорено продолжување на разговорите на ниво на БиХ и издвои три прашања кои ќе бидат решени во пакетот, а тоа се – прашањето за уставноста на судот, статусот на судиите и донесувањето закон за Уставниот суд на БиХ.

Во останатиот дел од обраќањето тој ги повтори веќе познатите позиции во однос на обвинението за неспроведување на одлуките на високиот претставник, кое во меѓувреме беше потврдено против него и в.д. директорот на „Службен гласник на РС“ Милош Лукиќ, истакнувајќи дека на состанокот биле отфрлени обвиненијата против претставниците на РС, оценувајќи дека се политички наместени и тврдејќи дека Судот и Обвинителството на Босна и Херцеговина не се уставни категории.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Вучиќ од Република Српска ги повика босанските политичари: Додик и јас сме нивна тема, зошто не правите патишта и железници

Предраг Петровиќ

Се преврте чамец со мигранти на Дрина, пронајдени 10 тела, меѓу нив бебе и мајка

Додик: Вучиќ ќе победи за суверенитетот на Србија

Горан Наумовски