Народниот правобранител бара да се ограничи електронското аплицирање за брзи кредити

Од:

Народниот правобранител има добиено над 30 претставки од страна на граѓаните за брзите кредити, вели Народниот правобранител, Насер Зибери, кој во Штип одговараше на прашањето, дали граѓаните доставуваат претставки имајќи во предвид дека МВР за половина година има евидентирано 65 пријави на измамени граѓани.

-Тука би ги разграничил претставки кои се однесуваат на висината на платата на надоместоците во администрирањето на брзите кредити и вториот дел злоупотреба на идентитетот при користење на брзите кредити. Ова второ мислам дека е многу болно и тука треба да се преземат сериозни мерки. Во таа насока беше и свикувањето на таа координативна средба, вели Зибери.

Посочи дека пред извесно време имало законска измена во Законот за финансиско работење на финансиските друштва, а по препорака на Народниот правобранител. Со овие измени се ограничуваат злоупотребите, но какошто вели Зибери македонското Собрание не најде храброст да стави уште една препрека, а тоа е начинот на кој аплицираат граѓаните за брзите кредити.

-Тоа е електронското аплицирање преку украдени лични карти. Мислам дека на средбата кај Грковска ова прашање е детектирано како проблем, иако ние од отпочетокот ние баравме ова прашање да се реши, вели Зибери.

Посочи дека честите злоупотреби при вадење на брзи кредити ги загрозуваат правата и интересите на граѓаните.

Би можело да ве интересира

20 претставки за загадениот воздух стигнале кај Народниот правобранител

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Повреда на избирачко право, утре ќе може да се пријавува на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Со туѓи лични податоци земале 11 брзи кредити вредни над 5.000 евра