Груби: Во рацете на „Бехтел и Енка“ е тоа кој ќе биде подизведувач

Од:

Во рацете на „Бехтел и Енка“ е тоа кој ќе биде подизведувач, кажа вицепремиерот Артан Груби на третото по ред означување на почетокот на изградбата на Коридорот 8, кое денеска со експлозија беше најавено на планината близу Дебреше, кај селото Горња Бањица.

Оваа негова изјава доаѓа откако вчера А1он објави дека „АК инвест“, „Еуровиа“ и „Стентон градба“ се фирмите подизведувачи за делницата Гостивар-Букојчани, која ќе биде градена прва.

„Целосната надлежност за подизведувачите е во рацете на компанијата „Бехтел и Енка“. Луѓето ќе бидат свесни за динамиката на работа на американско-турскиот конзорциум. Ова е новиот пат кој ќе води до Кичево“, рече Груби, кој посака успешна работа на американско-турскиот конзорциум.

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер пак, изјави дека овој пат ќе биде од голема корист за граѓаните.

Би можело да ве интересира

„Бехтел и Енка“ бара од Стопанска Комора да им обезбеди 4.000 работници за работа на автопатите

Орце Костов

Жители на прилепското село Оревоец на протест поради најавените минирања од компанијата „Бехтел и Енка“

Захариески од ЗНАМ: На гостиварци им се одземаат имоти за автопатот по непристојни цени

Завршени 89 проценти од експропријацијата за автопатот Гостивар – Тетово, 70 проценти за Битола – Прилеп

Уставен не поведе постапка за законските измени за работните часови од Договорот со „Бехтел и Енка“

Катерина Ѓуровски

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов