Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс ќе игра за САД на Олимписките игри во Париз следната година.
Според „Атлетик“, Џејмс ќе го предводи тимот на САД на Игрите во Франција, во кој ќе бидат и Стеф Кари и Кевин Дурант, кои исто така се подготвени да ги бранат боите на американската репрезентација.
НБА ѕвездата последен пат играше за САД на Олимпијадата во Лондон во 2012 година, а сега е подготвена следното лето да и го посвети на репрезентацијата.
Sources: LeBron James wants to represent Team USA at 2024 Paris Olympics and is spearheading group of future Hall of Famers – including Stephen Curry, Kevin Durant – prepared to commit.
Full details with @joevardon at @TheAthletic: https://t.co/r2XGO3E2TO
— Shams Charania (@ShamsCharania) September 11, 2023
Според Атлетик, тој ги повикал сите други најдобри кошаркари на САД да се приклучат на националниот тим.
Џејмс разговараше со Кари, Дурент, Ентони Дејвис, Џејсон Тејтум и Дрејмонд Грин и сите се подготвени да се посветат.
Сериозен интерес да бидат дел од олимпискиот тим во француската престолнина покажаа и Девин Букер од Феникс, Демијан Лилард од Портланд, Дирон Фокс од Сакраменто и Кајри Ирвинг од Далас.
Американската репрезентација не славеше на последните два Мундобаскети, остана без медал, но затоа кошаркарите на САД освоија четири последователни златни медали на Олимписките игри.
Џејмс во декември ќе наполни 39 години, Дурант следното лето, па турнирот во Париз би можел да биде „последен танц“ за нив двајца во националниот тим.