Над 500 лица се прогласени за исчезнати во американската држава Колорадо, каде поплавите предизвикани од поројните дождови, однесоа најмалку пет жртви.
Последната регистрирана жртва е жена, однесена од течението на реката во градот Боулдер, соопштија локалните власти. Во четвртокот во градот беа откриени тела на тројца загинати, а во петокот – на четвртото загинато лице.
Во државата Колорадо е прогласена вонредна состојба, а метеоролошките служби прогнозираат дека дождовите ќе продолжат и во наредните неколку денови, што го отежнува пристапот на спасувачките служби до најизолораните реони.
Службите за цивилна заштита располагаат со поддршка на спасувачките екипи од доброволци и воздушен транспорт.
Снимките направени од хеликоптер, покажуваат дека градовите Џејмстаун, Лајонс и Лонгмонт се претвориле во острови. Многу села во планинските реони на запад се целосно изолирани и без вода за пиење.