ДУИ: Итно и темелно да ги истражат сите наводи за сериозна злоупотреба над животот и здравјето на пациентите

Од:

Демократската унија за интеграција со голема загриженост ги следи случувањата околу сомнежите за злоупотреби на Клиниката за онкологија. Демократската унија за интеграција бара надлежните институции, особено обвинителството итно и темелно да ги истражат сите наводи за сериозна злоупотреба над животот и здравјето на пациентите, се вели во партиското соопштение.

„ДУИ целосно ја поддржува акцијата спроведена пред неколку дена од страна на МВР и Обвинителството и ги повикува институциите да спроведуваат вакви истраги и во другите клиники и институции. Овие тврдења вклучуваат луѓе инволвирани низ годините и меѓу администрацијата, затоа политичките партии треба да се држат настрана од истрагите и да не ги компромитираат, туку да ги поддржуваат без резерва.

Демократската унија за интеграција бара одговорните лица да излезат пред лицето на правдата и да не се злоупотребува за политички цели во време кога државата се наоѓа пред уште еден важен предизвик. ДУИ, исто така, апелира да не се линчува целиот медицински персонал кој секојдневно е на должност и спасува животи“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Два онколошки лекови префрлени од болничка во примарна позитивна листа

ВРЕДИ: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот

ДУИ: Во Министерството за спорт од 50 вработени, само четворица се Албанци

ДУИ: Албанците не се наивни и никогаш нема да прифатат да бидат предмет на „дигитален инженеринг“

ВЛЕН: ДУИ продолжува да молчи, со каков договор наредија бришење на дијаспората од пописот?

Горан Наумовски

ДУИ: Нема да дозволиме децениски напори да бидат поништени