Граѓаните потрошиле 685.000 евра на патничко осигурување во јули, во зелен картон се вложени 2,8 милиони евра

Од:

Во ек на летни одмори, само во јули граѓани, компании и институции вложиле 18,6 милиони евра во неживотно осигурување.

Според податоците на Агенцијата за супервизија на осигурувањето кои ги доставиле 11 компании за неживотно осигурување, речиси 80.000 граѓани само во текот на јули купиле патничко осигурување. Во овој производ со кој се осигуруваат ризици при патување во странство граѓаните вложиле над 42 милиони денари (685.000 евра).

Вложувањата во патничко осигурување во јули во споредба со истиот месец минатата година пораснале за над 6 милиони денари (107.000 евра). При тоа бројот на лица кои купиле патничко осигурување е зголемен за 9 отсто.

Во сите 18 класи на неживотно осигурување граѓани, фирми и институции вложиле 1,14 милијарди денари (18,6 мил.евра). Продажбата на осигурување во јули годинава во споредна со претходниот месец е намалена за 6 отсто, но во однос на ланскиот јули е зголемена за 16 отсто.

Од аспект на бројот на склучени договори за осигурување расте интересот за вложувања во неживотни осигурувања. Во јули бројот на склучени договори за осигурување надминал 238.000 и пораснал за 8 отсто во споредба со истиот месец лани.

Од доброволните осигурувања најголемо учество во продажбата има осигурувањето имот и изнесува 154,3 милиони денари (2,5 мил.евра). Следува каско осигурувањето моторни возила во кое се вложени 120,8 милиони денари (2 мил.евра). Во дополнително (приватно) здравствено осигурување за еден месец граѓаните вложиле 82 милиони денари (1,3 мил.евра).

Во вкупното вложување во неживотни осигурувања најголемо е учеството за задолжителното осигурување од автомобилска одговорност (ЗАО). Во јули се купени полиси вредни 631,2 милиони денари (10,3 мил.евра). Од тоа вложувања во зелени карти се вложени 171,7 милиони денари (2,8 мил.евра).

Во продажбата на неживотно осигурување за јули „Кроација осигурување – неживот“ I „Македонија осигурување ВИГ“ учествуваle со po 8,6 отсто. „Еуролинк“ остварил 8,7 отсто, „Евроинс осигурување“ со 9,1 отсто, „Граве неживот“ со 5,6 отсто.

„Сава осигурување“ учествува со 11,1 отсто, „Триглав осигурување“ со 11,9 отсто, „Уника“ со 11,6 отсто, „Винер – ВИГ“ со 12,1 отсто, „Осигурителна полиса„ учествува со 7,1 отсто и „Халк осигурување“ со 5,6 отсто.

Би можело да ве интересира

Реакции по враќањето на старите цени на полисите: Државата воспостави 100 отсто контрола над цените, обвинуваат осигурителните компании

А1он

Владата донесе одлука со којашто цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

АСО: Владата да ги намали цените на полисите за регистрација, потегот на осигурителните компании е неоправдан

Орце Костов

Осигурителните компании имаат рок до вечер да ги вратат старите цени на полисите

Орце Костов

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност ќе одлучува за поскапувањето на полисата

Катерина Ѓуровски

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за авто осигурување