Полицијата не може да сфати што се случило: Пукање на стадион во САД, повредени две жени

Од:

Американските медиуми пишуваат дека на бејзбол натпреварот во Чикаго Вајт Сокс две жени на трибините биле ранети од огнено оружје.

Според информациите, едната е ранет во ногата, а другата во стомакот, а полицијата се уште не може да докаже дали пукачот бил внатре во стадионот или куршумите дошле од надвор.

Германската новинска агенција ДПА јавува дека истрагата е во тек и дека активно се спроведуваат сите истражни дејствија за да се докаже што точно се случило.

„Мислите на нашиот клуб Вајт Сокс се со жртвите во овој момент и им посакуваме брзо закрепнување“, се вели во соопштението на клубот.

Натпреварот го следеа околу 22.000 фанови на Гарантирано Рејт Филд, а по натпреварот требаше да има концерт на стадионот. Но, организаторите го откажаа поради технички проблеми.

Што се однесува до самиот натпревар, Чикаго загуби со 4-12 од Оукленд.

Би можело да ве интересира

Потпишан најскапиот договор во спортската историја-вреден 700 милиони долари

Предраг Петровиќ

МЛБ: Прва бејзбол титула за Атланта по пауза од 20 години

Ана Ололовска

Атланта на чекор до титулата во американската бејзбол лига, овации за Трамп

Ана Ололовска

Девет кубански бејзбол репрезентативци пребегнаа во Мексико

Ана Ололовска

„Индијанците“ од Кливленд им забранија на своите навивачи да се маскираат во Индијанци

Жарко Настоски