Девет кубански бејзбол репрезентативци пребегнаа во Мексико

Од:

Девет играчи на кубанската репрезентација до 23 години во бејзбол пребегнаа од земјата за време на Светското првенство, што вчера заврши во Мексико.

Кубанските власти потврдија денеска дека деветмина репрезентативци, кои ја претставувале земјата на завршниот турнир, пребегнале и не се вратиле дома од Мексико.

Во соопштението, што го објави веб порталот ЈИТ, кубанските власти го нарекоа пребегнувањето на деветмината спортисти „подмолен чекор“.

Остатокот од екипата, која при пристигнувањето во Мексико броеше 24 членови, се врати во Куба каде им беше приреден дочек.

Кубанската репрезентација го заврши настапот како четвртопласирана.

– И покрај тешкотиите со кои бевте соочени, бројните притисоци и валканата игра на противниците, храбро се боревте, изјави на дочекот потпретседателот на кубанскиот Национален институт за спорт, телесен развој и рекреација Раул Валенсијано.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ