Атланта на чекор до титулата во американската бејзбол лига, овации за Трамп

Од:

Атланта Брејвс го совлада на својот стадион Хјустон Астрос со 3-1 во четвртиот натпревар од финалето во американската МЛБ бејзбол лига и поведе со 3-1 во серијата до четири победи.

Атланта би можела да ја освои својата четврта титула, и прва по 1995 година, веќе во ноќта меѓу понеделник и вторник кога повторно ќе биде домаќин на својот „Труст Парк“.

Четвртиот натпревар од финалната серија беше одигран пред 43.125 гледачи, што е рекордна бројка во историјата на стадионот во предградието на Атланта.

Меѓу присутните беа и поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Мелани, кои беа поздравени со овации од гледачите во дијаметрално спротивна слика од финалето во 2019 година во Вашингтон, кога тогашниот 45. американски претседател не беше добредојден на стадионот.

Би можело да ве интересира

Потпишан најскапиот договор во спортската историја-вреден 700 милиони долари

Предраг Петровиќ

Полицијата не може да сфати што се случило: Пукање на стадион во САД, повредени две жени

МЛБ: Прва бејзбол титула за Атланта по пауза од 20 години

Ана Ололовска

Девет кубански бејзбол репрезентативци пребегнаа во Мексико

Ана Ололовска

„Индијанците“ од Кливленд им забранија на своите навивачи да се маскираат во Индијанци

Жарко Настоски