Пожарот во Чешиново-Облешево се прошири кон Пробиштип, ќе се гасне и со воздухоплови

Од:

Пожарот кој од вчера доцна попладне беснее на територија на Општина Чешиново-Облешево пред малку се прошири и на територија на Општина Пробиштип, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. Посочува дека кон пожарот полета еден „ер трактор“, а за полетување се подготвуваат два полициски хеликоптери.

-И покрај напорите на пожарникарите, пожарот кој вчера започна на територијата на Општина Чешиново-Облешево продолжи да гори низ висока сува трева, грмушки и деградирана шума, со зголемен интезитет. Утрово пожарот се движеше во атарите на селата Врбица, Рајчани, Буниш и Турско Рударе а пред малку се прошири и на територијата на Општина Пробиштип движејки се во насока на квалитетна шума, вели Ангелов.

Тој посочува дека за да се спречи влегување на пожарот во шума, но и да се спречи загрозување на околните села, покрај пожарникарите од ТППЕ Кочани и Пробиштип еден Ер трактор на ДЗС полета кон пожарот, а два полициски хеликоптери се подготвуваат за полетување.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски