(ФОТО) Жерновски до Јанкулоска: Зошто е Центар под полициска опсада?

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски упати отворено писмо до министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска:

Почитувана министерке, Согласно Уставот и законите, знаете дека слободата на движење на граѓаните е загарантирана. Дали нешто се случува во општина Центар, или поточно на потегот околу хотел Бристол, за што јас, како градоначалник и жител на општина Центар, а пред се’, граѓаните, не сме информирани.

Зошто на секој чекор, на секој агол на овој простор има полиција и специјалци, полициски возила и комбиња. Зошто на улицата Македонија имате поставено барикади? Кого и што штити и обезбедува полицијата? Дали ваквото ниво на обезбедување е поради тоа што на овој простор се забележани или дејствуваат опасни криминалци и терористи?

Веќе трети ден е видливо засиленото полициско обезбедување, и граѓаните се’ уште чекаат објаснување од Вас дали е загрозена нивната и безбедноста на нивните деца, кои секојдневно одат во блиското училиште и градинка.

Последниве три дена добивам поплаки од граѓаните дека живеат во опсада, дека немаат право на слободен пристап до влезовите на нивните згради и дека не се чувствуваат пријатно од експонираното присуство на униформирани лица. Сакаат да знаат што е причината и кој е непријателот. Дали се тие виновни што живеат во центарот на Скопје, каде на патот на Вашите багери се најде зеленило. Дали се тие виновни што живеат во центарот на Скопје, каде власта сака на местото на паркот да „посади“ барок?

Почитувана министерке за внатрешни работи, граѓаните, согласно Уставот и законите, имаат право да ја дознаат вистината.

Со нетрпение го очекувам Вашиот одговор.

Во прилог Ви ги доставувам фотографиите со денешната слика во центарот на Скопје.

Граѓанин на општина Центар и Градоначалник, Андреј Жерновски.

policijaCentar0 policijaCentar00 policijaCentar6 policijaCentar4 policijaCentar3 policijaCentar2 policijaCentar1 policijaCentar policijaCentar5



Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он