Ковачевски- Санду: Евроинтегарцискиот процес е клучен за мирот и стабилноста на европскиот континент

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска во Атина оствари средба со Маја Санду, претседателка на Молдавија.

Премиерот Ковачевски и претседателката Санду, на средбата изразија задоволство од билатералната соработка, како и уверување дека поддршката ќе продолжи и во иднина, со цел постигнување на стратешките евроинтегративни цели на земјите.

Во таа насока, беше посочено дека Молдавија, по добивањето на кандидатскиот статус од ЕУ, во јуни минатата година, може да смета на помош од Северна Македонија во насока на споделување искуства и консултации, бидејќи нашата држава, има 100% усогласување со заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, како и преку 40% усогласување со европското законодавство, соопштуваат од Владата.

Соговорниците разменија мислења за значењето на евроинтеграцискиот процес кој што е во функција на зацврстување на мирот, стабилноста на европскиот континент.

Во овој контекст, премиерот Ковачевски ја нагласи потребата од итно интегрирање на регионот на Западен Балкан во ЕУ и истакна дека конкретно Северна Македонија има поддршка од меѓународната заедница во текот на целиот процес.

Премиерот Ковачевски и претседателката Санду истакнаа дека интензивирањето на економската соработка меѓу Северна Македонија и Молдавија ќе придонесе за економски развој на двете земји, посочија од Владата.

Ковачевски во Атина е на покана на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, по повод одбележувањето на 20 години од одржувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Солун и „Декларацијата од Солун“.

Би можело да ве интересира

ЦИК на Молдавија: Маја Санду го освои вториот мандат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се затресе силно и во Молдавија, снимена реакцијата на претседателката Санду

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес во Грција

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Грција ги затвори училиштата и стави клуч на Акропол поради екстремните температури

A1on

Русија ги отвори избирачките места за претседателските избори во отцепениот регион на Молдавија

Горан Наумовски