Убиена е 45-годишна жена пред станот на нејзината ќерка во Атина, убиецот сам си пресуди

Од:

Жена и маж, по потекло од Албанија, рано утринава се пронајдени мртви во станбена зграда во населбата Неа Смирни во Атина, а надлежните го третираат случајот како убиство и самоубиство.

Според последните информации, мажот ја чекаше 45-годишната жена во заседа, пукаше во неа и ја уби, а потоа изврши самоубиство.

Ќерката на мажот живее во зградата каде што е извршено злосторството, а полицијата сега се обидува да го реконструира движењето на жртвата пред убиството.

Според досегашните информации, не е утврдено дали мажот и жената биле во брак, се истражува каква врска имале, како и мотивот што довел до злосторството.

Жената (45) има прострелни рани на телото и веројатно на лицето, додека мажот е пронајден со рана на главата.

Во близина на неговото тело е пронајден револвер, што дополнително ја потврдува претпоставката на истражителите дека, откако ја уби жената, тој пукаше во себе во пределот на главата.

„Сосетката рече дека слушна истрели во раните утрински часови. Куќата на моето семејство е овде, слушнав три истрели околу 5:30 часот наутро“, изјави жена која се наоѓаше во близина.

Таа додаде дека не слушна автомобил, ниту забележа нешто друго.

„Спиев, но не длабоко. Одеднаш слушнавме три многу силни звуци. Не знаевме дали се истрели, но беа многу силни. Избројав три. Не беа еден по друг, имаше пауза од три, четири, пет секунди меѓу нив“, рече друг жител.

Како што објасни, надлежните служби брзо пристигнаа на местото на настанот, иако на почетокот никој не можеше да претпостави што се случи.

Би можело да ве интересира

Силна експлозија во центарот на Атина: Загинаа американски државјани, цела зграда се урна

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Експлозија во центарот на Атина, се урна дел од зграда

Човекот кој ја уби сопругата додека нивното дете славеше роденден си пресуди во затвор

А1он

Крвав семеен конфликт во Велико Градиште: Полицаец уби зет и 19-годишна внука, па се самоуби

Голем пожар во Атина, повредни се 11 лица

Мајка и син пронајдени убиени во грчки град

А1он