Дритан Абазовиќ, премиер на техничката влада на Црна Гора, синоќа е нападнат во дискотека во Будва, дознава српски Курир.
Хаосот и нападот на Абазовиќ настанале за време на настапот на Дино Мерлин и дискотеката Топ Хил, која се наоѓа на врвот Топлиш во Будва.
Дритан бил на настапот на Мерлин, кога еден од посетителите се обидел да му пријде и да го нападне. Напаѓачот изрече низа навреди, а потоа се обиде да му пријде, јавува репортерот на Курир од местото на настанот и додава:
– Настана хаос и метеж. Обезбедувањето на техничкиот премиер брзо реагираше, додава репортерот на Курир и вели „Беше фрлен солзавец, а Абазовиќ беше евакуиран. Како што дознаваме тој е добро и не е повреден. Во тек е истрага од локалната полиција која ги презема сите мерки за откривање и гонење на учесниците во нападот“.