Левица: Уставни измени нема, прекин на преговорите со Бугарија

Од:

Денешниот неуспешен обид за бугаризација на Уставот потврди дека македонскиот народ е непосредно присутен во Собранието преку пратениците на Левица – присуство кое го смени текот на историјата и за прв пат успешно се спречи обидот за ново национално предавство преку менување на Уставот!

Низ целиот процес, во изминатите година дена, Левица го одржа народниот гнев, преку пораките кои беа испратени на минатогодишните протести против т.н. Француски предлог и успеа да го наметне притисокот врз опозицијата, која во неколку наврати ретерираше од своите позиции.

И на денешната собраниска седница, не изостанаа скандалозните повици на истрошени политичари од албанскиот политички блок, кои отворено се заканија дека доколку не поминат уставните измени – таканаречени албански општини сами ќе продолжат на патот кон ЕУ?! Овие празни закани на ретроградни партии кои немаат што да понудат, освен етношовинистички изблици, веќе не поминуваат кај македонскиот народ – кој покажа дека идеалите на АСНОМ за македонската државотворност сѐ уште живеат во духот на Македонецот!

Левица упатува порака до овие политички субјекти дека соживотот единствено може да се гради преку заедничката антифашистичка историја на македонскиот народ со останатите етникуми, а не преку необалистички повици и празни уцени и закани.

Левица останува единствена парламентарна партија која повикува на целосен прекин на преговорите со Бугарија, затоа што патот кон ЕУ единствено може да води преку Копенхашките критериуми – а не преку врховистичките апетити на Софија, пишува во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: Уставниот суд сака да го потврди авторитаризмот на власта преку Изборниот законик

Уставен суд утре ќе расправа по иницијативата на „Левица“ за одредбите за политичко рекламирање во Изборниот законик

Катерина Ѓуровски

Левица: Инспекторите откриле профитерство, Мицкоски се одлучи за кафе во четири очи наместо казни

Левица поднесе 47 амандмани кон ребалансот на Буџетот: Парите да се насочат кај граѓаните, а не кај партиските интереси на власта

За СДСМ и гласањето по пошта е можност за кражба, за Левица дијаспората е „промашена тема“

Левица: Алиу и Клековски ги поскапеа „Фостер” и „Мифортик”, а заборавија да ги набават замените на сметка на Фондот

А1он