(ВИДЕО) Ковачевски доби силен аплауз од 70 пратеници: Улиците во Скопје се мирни, граѓаните очекуваат европска одлука

Од:

Предлогот е резултат на повеќемесечна целосно отворена експертска и политичка дебата и при носењето на предлозите Владата се водела од еден мотив, а тоа е влезот во ЕУ, истакна премиерот Димитар Ковачевски во воведното обраќање пред пратениците на пленарната седница на која точка е предлогот за пристапување кон измена на Уставот.

– Предлогот за дополнување има една релација и мотив: тоа е влезот во ЕУ. Тоа што го бара и очекува мнозинството граѓани. Предлогот е наш македонски и тој е напишан тука во Скопје.

Ги отфрлам лажните тези дека постои некаков диктат од било кого и било што. Постои само историска можност со овој предлог да донесеме одлука да чекориме во полноправно членство во ЕУ до 2030 година. Ова е наш македонски предлог поддржан од ЕУ и од САД и е во наша корист, за наше добро. Поддршката за македонскио идентитет се случи во Вашингтон, Берлин , Брисел. Никој не не нападна, не не асимилира и зад нас стојат најголемите и најсилните – рече Ковачевски.

Премиерот повторно се осврна на политичките структури кои според него сеат страв меѓу граѓаните и го плашат народот со катастрофи ако се промени Уставот, објаснувајќи ги интервенциите во Преамбулата.

– Овие интервенции во Уставот се однесуваат единствено во делот на додавање на бугарскиот народ, хрватскиот, црногорскиот ,словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ. Со ова е истакната примарната уставотворност на македонскиот наорд и неговата засебност од другите народи, вклучувајќи го тука и бугарскиот народ. Предлогот не задира во било кое македонско идентитетско прашање. Ниту се може, ниту е возможно да се загрози македонскиот народ и тоа е единствената вистина.

И затоа денес кога ќе ги погледнете улиците во Скопје и другите градови, ќе видите дека се е мирно, бидејќи граѓаните очекуваат одлука за европската иднина.

Денес ќе стане јасно кој ќе се заложи државата да оди напред, а кој ќе ја блокира европската иднина, денес ќе се види дали ќе се одважат оние што бегаа досега и ќе дадат глас за ЕУ – порача премиерот од собраниската говорница и потоа добри стоечки овации од владејачкото мнозинство.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште