Тројца Македонци уапсени во Црна Гора, украле новчаник со 1.500 евра

Од:

Тројца Македонци, А.А. (26), А.О. (41) и Ж.Д. (47) се приведени откако полицијата во Никшиќ открила дека украле паричник со 1.500 евра во трговски објект во Богетиќи. По кражбата тројцата со „ауди“ избегале, јавува Вијести.

Во соопштението на никшичката полиција се наведува дека кај местото Папрати полицајци запреле „ауди“ со тројца државјани на Македонија кои биле донесени во службените простории на полицијата. Полицијата открила дека А.А. го украл паричникот, додека А.О. и Ж.Д. примиле и задржале дел од парите.

„А.А. е осомничен за кривично дело кражба, додека А.О. и Ж.Д. се товарат за кривично дело прикривање и сите тројца се приведени“, се наведува во соопштението и се додава дека најголем дел од украдените пари се пронајдени и вратени, а возилото со кое е извршено кривичното дело е одземено.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Црна Гора во близина на Никшиќ

(ВИДЕО) Подгорица: Групи на маскирани млади мажи излегоа на улиците: Постојано викаа „Турци надвор“

ВИДЕО: Рации во Подгорица откако Турци избодоа млад човек, Црна Гора ќе го укине безвизниот режим

Убиен е еден од водачите на „Шкаљарскиот клан“

Во Црна Гора уапсени поранешен обвинител, полицајци, агент и бизнисмен

А1он

Го пропушта воведниот меч на Евробаскет – стапна врз морски еж

А1он