На првиот натпревар од 5. коло во Германското фудбалско првенство одигран синоќа во Берлин на „Олимпискиот стадион“, Штутгарт ја победи Херта со 1:0.
Стрелец на победничкиот гол беше Кристијан Гентер во 49. минута.
За Штутгарт ова беше втора победа по трите стартни порази.
Во рамките на 5.коло денеска се играат натпреварите: Аугсбург – Фрајбург, Баерн Минхен – Хановер, Вердер – Ајнтрахт Франкфурт, Баер Леверкузен – Волфсбург, Мајнц – Шалке и Борусија Дортмунд – Хамбургер.
Рундата ќе биде комплетирана со утрешните два натпревара: Хофенхајм – Борусија Менхенгладбах и Ајнтрахт Браушвајнг – Нирнберг.
Табела: Борусија Дортмунд 12 бода, Баерн Минхен 10, Баер Леверкузен 9, Хановер 9, Мајнц 9,.