СДСМ: Крлежите од ДПМНЕ 32 години ја уништуваат државата и го загрозуваат јавното здравје

Од:

Во историјата на државата нема поштетен субјект од партијата ДПМНЕ, 32 години крлежите од оваа партија ја уништуваат државата велат од СДСМ во реакција на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ за ситуацијата со хеморагичната треска.

– Оваа партија предводена од Христијан Мицкоски бесрамно злоупотребува човечки трагедии за политички цели, а здравјето, интересите и потребите на граѓаните им се на последно место. Тоа најдобро се покажа во време на пандемијата со коронавирусот кога лично Мицкоски лажеше дека немало тестови, дека немало персонал, лично тој прв ги прекршуваше мерките за заштита и го загрозуваше јавното здравје. И денес исто како и тогаш шират лажни вести за работата на здравствените институции посветени на заштита на јавното здравје. ДПМНЕ со своето дејствување е опасност по здравјето и сигурноста на граѓаните, се вели во реакцијата од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години