Во Кина пронајден древен череп: „Не наликува на ниту еден човечки череп пронајден досега“

Од:

Меѓународниот тим научници го опиша древниот човечки чепер неодамна пронајден во Кина како различен од кој било друг хоминин досега забележан. Хоминините се племе на примати од подфамилијата хоминиди, кое ги вклучува видовите хомо и шимпанзата и нивните исчезнати предци. Имено, посмртните останки не наликуваат на лозата што се разделила на неандерталците, ниту на Денисованите (дениски човек), ниту на нас, што укажува дека на нашата сегашна верзија на човечкото семејно стебло и недостига уште една гранка.

Коските на вилицата, черепот и ногата кои припаѓаат на овој, сè уште некласифициран хоминин означен HLD 6, беа откриени во Хуалонгдонг, Источна Азија во 2019 година, а научниците од Кинеската академија на науките (CAS) оттогаш се обидуваат да ги усогласат остатоците со позната лоза. Засега не успеале, пишува Science Alert.

Лицето на овој хоминин е структурирано слично на лицето на модерната човечка лоза, која се одвоила од хомо еректус уште пред 750.000 години. Но, недостатокот на форма на брада повеќе личи на Денисовците, изумрен вид на антички хоминин во Азија, кој се одвоил од неандерталците пред повеќе од 400.000 години.

Затоа, експертите од CAS, кои соработуваа на ова истражување со научници од кинескиот универзитет Ксиан Џиаотонг, британскиот универзитет во Јорк и шпанскиот национален истражувачки центар за еволуција, веруваат дека откриле сосема нова линија на хибриди помеѓу гранка која ни ги дала современите луѓе и оние кои родиле други антички хоминини во регионот, како Денисовците.

Треба да се забележи дека многу плеистоценски фосили на хоминини пронајдени во Кина не се вклопуваат лесно во која било позната лоза. Некои експерти веруваат дека ова се веројатно средни варијации во развојот кон современиот човек; како архаичен примерок на хомо сапиенс или напредна форма на хомо еректус.

Но, ова прилично линеарно и поедноставено толкување е прилично контроверзно и не е прифатено од пошироката научна заедница. Имено, додека хомо еректус постоел во Индонезија до пред околу 100.000 години, остатоците кои неодамна беа пронајдени во источна Кина повеќе наликуваат на други, помодерни линии на хоминин.

Претходните геномски студии на остатоците од неандерталците во Европа и западна Азија открија докази за четврта лоза на хоминини која живеела во средината до крајот на плеистоценот. Но, оваа група никогаш не била официјално идентификувана во фосилните записи. Можеби овие остатоци пронајдени во Кина претставуваат дел од сложувалката што недостасува.

„Фосилизираната вилица и черепот пронајдени припаѓаат на дете на 12 или 13 години. Додека неговото лице ги има карактеристиките на современите луѓе, екстремитетите и вилицата одразуваат попримитивни карактеристики“, пишуваат научниците.

Хомо сапиенсот се појавил во Кина само пред околу 120.000 години, но се чини дека некои од нашите „модерни“ карактеристики постоеле во областа и порано. Можно е последниот заеднички предок на H. sapiens и неандерталците да потекнува од Југозападна Азија, а подоцна се проширил на сите континенти. Но, ова е само хипотеза, вистинаta ќе ја дознаеме дури по дополнително истражување.

Студијата, насловена како Морфолошки и морфометриски анализи на доцниот среден плеистоцен хоминин мандибула од Хуалонгдонг, Кина, беше објавена во Журналот за човечка еволуција.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија