Јанкулоска ја посети општина Вевчани

Од:

Проектите од програмата на градоначалникот Цветомир Угриноски беа во фокусот на разговорите при денешната посета на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на општина Вевчани.

Раководството на општина Вевчани, според Јанкулоска, има партнерски однос со централната власт, а во првите неколку месеци од мандатот градоначалникот релизираше поголем дел од ветените проекти.

– Централната власт како партнер стои на располагање во интерес на граѓаните на Вевчани, но и на туристите чиј број се повеќе се зголемува. Со многуте реализирани проекти кои го менуваат ликот на Вевчани се потешко станува за било кој домашен или странски турист, кој поминува во овој дел од Република Македонија, да ја одбегне општина Вевчани, изјави Јанкулоска.

Вевчани, додаде министерката, е една од општините каде што природата ги дала најголемите убавини, но и со добро менаџирање на локалната власт направени се многу работи заради кои туристите би можеле да се одлучат да поминат дел од своето време на ова подрачје.

Градоначалникот Угриноски се заблагодари за регистерските таблички со Вевчански ознаки, кои од неодамна почнаа да се поставуваат. Тој нагласи дека во Вевчани нема никакви проблеми од безбедносен план и оти на средбата разговарале за тековните и идните проекти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ексклузивно: Сопругот на Јанкулоска зборува за жолтите комбиња, понудите за спас, кој ѝ нарачал прислушување

Кристијан Ландов

Јанкулоска до Мијалков во 2013: ДУИ забележаа и им пречи што даваме државјанства на луѓе во Кичево

Наум Локоски

Гордана Јанкуловска го покажа својот син, облечен во дрес од Ливерпул

Наум Локоски

Јанкулоска: Не можам да се оптоварувам со ефикасноста на судството, најважно ми е здравјето на детето

Наум Локоски

Груевски и Јанкулоска фаворизирале економски оператор за набавката на „мерцедесот“

Наум Локоски

Јанкулоска: Телефонот ми бил следен 732 дена

Наум Локоски