Долгогодишниот бегалец од Италија, Винченцо Ла Порта, бил предаден од страста кон овогодинешниот фудбалски шампион од Неапол, а e уапсен додека се возел на скутер на грчкиот остров Крф, соопшти италијанската полиција.
Карабинерите од Неапол изјавија дека човекот, кој се наоѓал на листата на 100 најопасни бегалци во Италија, e забележан на фотографија од навивачи во ресторан на Крф како славеле откако фудбалскиот клуб Наполи ја освои титулата во италијанската лига, објави АП.
Полицијата потоа отишла на Крф за да го пронајде бегалецот, кого го идентификувала како 60-годишниот Винченцо Ла Порта, кој бил во бегство 11 години.
Тие не прецизираа кога е реализирано приведувањето, но изјавија дека полицајците го блокирале додека се возел на скутер.
Грчката полиција подоцна соопшти дека Ла Порта бил уапсен вчера.