Уапсен е бегалец од „Идризово“ осуден на 15 години затвор

Од:

Скопската полиција ноќеска го уапси Е.Л.(32) од Скопје. Тој бил осуден на казна затвор од 15 години за сторени кривични дела кражба, кражба на возило и за незаконско поседување на дрога, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа затвор „Идризово“ поради бегство од затворот. При апсењето кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела материја.

Уапсениот е спроведен во казнено – поправната установа затвор „Идризово“ за доиздржување на четири години и два месеци од казната.

Би можело да ве интересира

Левица: Поранешен затвореник стана заменик директор на Затворот „Идризово“

Затвореник од „Идризово“ се качил на ограда и паднал, па завршил во болница

Осуденик од „Идризово“ избегал со автомобил, за брзо време бил уапсен

Филков во затворот „Идризово“ по вчерашниот инцидент – пронајдени ножеви, шипки, дрвени рачки, кабли, шрафцигери, шприцеви и игли

Полицијата уапси бегалец од „Идризово“

Затвореник од „Идризово“ починал од повредите кои му ги нанесол осуденик во тепачка