Мерко двапати назначил директорка на училиште која немала завршено високо образование: Антикорупциска ќе му поднесе кривична

Од:

Антикорупциска се сомнева дека градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко незаконски назначил в.д директорка на основно училиште во Струга.

Државната комисија за борба против корупцијата и судир на интереси (ДКДСК) ќе достави иницијатива до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струга за кривично гонење на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко за злоупотреба на службената положба и овластување.

Оттаму се сомневаат дека Мерко на незаконски начин на два пати назначил в.д. директорка на основно училиште во Струга која немала завршено високо образование ниту го имала потребното работно искуство.

Комисијата предложи и кривично да се гонат и в.д. директорката како и уште неколку други вработени кои и помогнале да фалсификува документи кои и биле потребни за изборот на функцијата директор.

„Градоначалникот на Струга спротивно на законот на два пати ја назначил за в.д. директорка наставничката по англиски јазик иако таа не ги исполнувала условите за тоа. Пријавената в.д. директорка предавала предмети за кои не била стручна и за кои е потребно високо образование. Имала четири години и осум месеци работно искуство што не е доволно за да биде назначена за директор.

Дополнително во тоа време таа немала уверение за положен испит за директор,а училишниот одбор не донел одлука за распишување на јавен повик. Сето тоа го направила со фалсификувани службени исправи. Во исто време директорката сама на себе со анекс договор си го зголемила фондот на часови што е спротивно на законот. Во тоа и помагале поранешни директори. Со тоа тие ја злоупотребиле службената положба и фалсификувале слижбени исправи“, рече членот на ДКСК, Шемси Салаи кој работеше на овој случај.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против Рамиз Мерко за несовесно работење во службата

Предраг Петровиќ

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Ново, осмо обвинение за Рамиз Мерко

Катерина Ѓуровски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал