Во азербејџанскиот главен град Баку вчера и денеска се одржа форум на раководителите на разузнавачките служби на државите од Црноморско-Каспискиот дијалог, јавија азербејџански медиуми.
Дебатата беше посветена на врските меѓу разузнавачите во сферата на спречување меѓународни закани.
На средбата учествуваа претставници на разузнавачките агенции на Азербејџан, Турција, Унгарија, Бугарија, Грција, Полска, Романија, Украина, Молдавија и Грузија. На форумот беше прифатен меморандум во кој тие изразуваат подготвеност за соработка при надворешни закани за безбедноста на државите од Црноморско-Каспискиот дијалог.