Најмалку 11 лица ги загубија животите, а 27 се водат како исчезнати, откако обилните дождови го зафатија Пекинг, а на помош на жителите им пријде и војската.
Воени хеликоптери се префрлени за да доставуваат залихи на патниците заробени во возовите по силната бура што го опустоши кинескиот главен град.
Бурата Доксури најпрво ги погоди Филипините со јачина на супертајфун, а потоа во петокот го продолжи патот кон север кон Кина и ја погоди јужната кинеска провинција Фуџијан, од која беа евакуирани стотици илјади луѓе.
Cars washed away by Severely floods in Fangshan District of Beijing, China 🇨🇳
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji5aZq pic.twitter.com/SdXzgz4agl
— Disaster News (@Top_Disaster) August 1, 2023
Во саботата наврнаа обилни дождови во Пекинг и неговата околина, а за само 40 часа количината на врнежи ја достигна количината забележана за цел јули.
Денеска кинеската државна телевизија CCTV објави дека „најмалку 11 лица загинаа во обилните дождови, а 27 се водат како исчезнати“.
Воена единица од 26 војници и четири хеликоптери учествува во испораката на пакети со храна и кабаници за патниците заробени во и околу железничката станица во пекингската област Ментугу.
Околу 150.000 жители во тој кварт останаа без вода за пиење, а до нив се доставуваат цистерни со вода. Синоќа беше издадено предупредување за невреме не само за Пекинг туку и за соседната провинција Хебеј.
Метеоролозите предупредуваат на поплави и можни свлечишта, а градските власти ја активираа акумулацијата за контрола на поплавите, првпат од 1998 година, кога е изградена.
Beijing Daxing International Airport in communist #china's capital, less than 4 years old, cost a whopping CN¥ 80 billion (US$11.4 billion) to build in 5 years. Unsurprisingly, its storm drain system is afterall a non-existence, even the tarmac & runways are severely flooded. pic.twitter.com/lWcGZq28az
— Northrop Gundam ∀🦅⚔️☭⃠🙅 (@GundamNorthrop) August 1, 2023
Кина летово се соочува со екстремни временски услови кои научната заедница ги припишува на климатските промени. Тие, исто така, предупредуваат дека пробивањето на облаците може да предизвика уште полоши поплави од оние во јули 2012 година, кога загинаа 79 лица.
Но, кинеската метеоролошка управа прогнозира дека Доксури ќе биде послаб од тајфунот Меранти во 2016 година, најсилната бура што го погодила кинескиот брег од 1949 година и убила најмалку 11 луѓе.
И додека прогнозите укажуваат на слабеење на Доксури, се приближува вториот тајфун Ханун, кој оваа недела би можел да го погоди густо населениот крајбрежен регион на Кина.
Властите стравуваат дека Ханун може да предизвика дополнителна штета на посевите, особено на пченката.