Кина се бори со поплави на северот на земјата по минувањето на тајфунот Доксури, а денеска се очекуваат рекордни дождови и во Пекинг.
Во извештајот на државната агенција Ксинхуа, беше наведено дека кинескиот национален метеоролошки центар и денеска одржува црвен метеоролошки аларм поради предвидените бури од дожд, пренесува Ројтерс.
Major floods and several car submerged due to typhoon Doksuri in Nan'an, #Fujian, #China!
#Doksuri #flooding #storm #TyphoonDoksuri #typhoon #pagbaha #rain pic.twitter.com/5whQNTJBIM
— Chaudhary Parvez (@ChaudharyParvez) July 30, 2023
Тајфунот Доксури, фронт на бура што ги погоди Филипините и Тајван пред да стигне до Кина, е една од најсилните бури во последниве години, принудувајќи илјадници луѓе во јужната провинција Фуџијан да се евакуираат.
Според денешната прогноза на Кинескиот метеоролошки центар, обилни врнежи се очекуваат во неколку провинции, особено во областите Хебеи, Пекинг, Шанкси и Хенан на северот од земјата.
Major floods and several car submerged due to typhoon Doksuri in Shandong, China.#Doksuri #flooding #storm #TyphoonDoksuri #typhoon #pagbaha #rain pic.twitter.com/L7WZr6Q1Ec
— Anil Kumar Verma (@AnilKumarVerma_) July 30, 2023
Главниот град на Кина денеска најверојатно ќе биде погоден од рекордни врнежи од дожд, објавија локалните медиуми.