Голем инцидент се случи пред почетокот на натпреварот меѓу Шкупи и бугарскиот Левски на Арената „Тодор Проевски“. Потоа немили сцени имаше и на стадионот.
Каменувана е колона на бугарски навивачи во Чаир. Локалните жители на Чаир фрлаат канти за ѓубре и удираат по автомобили во кои биле бугарски навивачи.
Објавени се снимки од нападот.
Проблеми има и на стадионот. Навивачите на Левски уште со самото влегување на стадионот почнаа со навредливи слогани и извици со провокации кон дел од навивачите на македонската екипа кои пристигнуваа на стадионот, поради што мораше да интервенира и полицијата.
Полицијата мораше да скроти дел од навивачите на Левски кои ја напуштија својата предвидена зона на Источната трибина, па следеа и апсења за дел од најагресивните навивачи на бугарската екипа.
Шкупи и Левски играат дуел од вторто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Мечот беше прогласен за дуел од висок ризик.